2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРено и Нисан се спојуваат поради заштеда

Рено и Нисан се спојуваат поради заштеда

reno nisan

Францускиот Рено и јапонскиот Нисан со спојување на производните и истражувачките операции, годишно ќе заштедат преку 3.8 милијарди долари.

Во рамките на првиот чекор, оваа стратешка алијанса која ја води директорот на Рено, Карлос Госн, ќе именува менаџер кој од април ќе ги надгледува производството и продажбата на компанијата, а исти мерки ќе бидат спроведени и за одделенијата за истражување и развој.

Според информациите Нисан и Рено во производството во своите фабрики ќе користат и заеднички компоненти.

Првиот планиран заеднички модел ќе почне да се произведува веќе во 2015-та година во заедничката фабрика во Индија. До 2020-та година тие планираат да го прошират производството во повеќе од десет земји.

Концернот Нисан одби да ја коментира оваа вест, истакнува јапонскиот дневник Никеи.

Алијансата на овие две компании има во светот повеќе од 50 фабрики. Нивната соработка започна во 1999-та година, а минатата година допринесе да заштедат на трошоците 2.7 милијарди евра, додека во 2011-та тоа изнесуваше 1.7 милијарди евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП