1 јули, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG претстави нов премиум монитор

LG претстави нов премиум монитор

lg monitor

Компанијата „LG Electronics“ го претстави мониторот „MP76“ кој е комбиниран од носечката база „Crystal Float“ и ултра тенкиот екран со висока контраст за целосно кино искуство.

Мониторот поседува „IPS“ дисплеј кој овозможува врвен квалитет на слика, додека специјалните функции, како што се посебниот режим за читање и технологија која го елиминира треперењето на сликата, допринесуваат за пријатно искуство при гледање.

„Мониторот „MP76“ воспоставува соврешен баланс помеѓу модерниот дизајн, врвниот квалитет на слика и функционалност која ја зголемува удобноста при употребата. „LG“ ќе продолжи да произведува врвни монитори за да ги задоволи растечките потреби на потрошувачите“, истакна Хјоунг-сеи Парк директор на „IT“ одделението во компанијата „LG Electronics“.

Уредот може едноставно да се монтира на секој ѕид, а благодарејќи на специјалниот екран, дијагоналата од 24 инчи и „Full HD“ резолуцијата, се гарантирантира импресивно доживување при гледањето.

Мониторот поседува „IPS“ дисплеј технологија која сликата ја прави исклучително прецизна и јасна. Благодарејќи на „IPS“ технологијата, не само што движењата на емитуваните објекти е прецизно и флуидно, туку се намалува и уморот во очите при гледањето. Мониторот исто така поседува функција за иновативна обработка на сликата, што влијае на попријатно корисничко доживување при вршењето на вообичаените компјутерски задачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар