6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNintendo размислува за производство на телефони

Nintendo размислува за производство на телефони

nin tele

Претседателот на „Nintendо“, Сатору Ивата направи коментар во врска со рекордната загуба од 240 милиони долари која се должи поради малиот интерес за  конзолата „Wii U“.

„„Nintendo“ забележа најголем пад на профитот во изминативе 12 години. Компанијата очекуваше профит од 55 милијарди јени, затоа што сметавме дека „Wii U“ конзолата ќе биде многу популарна за време на Божиќ. „Nintendo“ постигна продажба од 2.8 милиони „Wii U“ конзоли, наместо планираните девет милиони. Во исто време продадени се 19 милиони примероци на игри, наместо предвидените 38 милиони.“

Одложувањето на ексклузивните игри, популарноста на мобилните уреди и конкуренцијата во видот на конзолите „Sony Playstation 4“ и „Microsoft Xbox One“, се една од причините за лошата продажба.

„Размислуваме за нова бизнис стратегија. Со оглед на експазијата на паметните уреди, моментално проучуваме како паметните уреди можат да користат во работата во која ние се занимаваме. Не е така едноставно да се овозможи „Марио“ да биде достапен и на паметните телефони“, вели Ивата.

Аналитичарите веќе подолго време и предлагаат на компанијата да направи чекор кон мобилните телефони со оперативен систем како „iOS“ и „Android“, затоа што пазарот за игри се префрли на паметните телефони и таблети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП