27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрв пад на профитот на Самсунг по две години

Прв пад на профитот на Самсунг по две години

samsung-logo

Јужнокорејскиот електронски гигант Самсунг денеска извести за падот во кварталната добивка, прв пат во две години, а како причина за овој резултат ги наведуваат еднократниот бонус, јаката домашна валута вон и забавената продажба на скапите модели на паметни телефони.

Оперативната добивка на најголемата светска електронска групација изнесуваше 7.8 милијарди долари, што претставува пад од 18 проценти во однос на периодот од јули до септември, и 6.0 проценти на годишна основа.

Нето добивката пораснала за 3.7 проценти на годишна основа, но значително се забавила во однос на 25.6 проценти во третиот квартал, бидејќи солидната маржа на одделението за чипови не успеа да ја надокнади слабата профитабилност на популарната серија на паметни телефони „Galaxy“.

Така е завршен периодот во кој компанијата редеше рекорди поред во ставката квартални добивки темелени од зголемената продажба на моделот „Galaxy“. Одделението за мобилни телефони во последните три месеци од 2013-та оствари добивка во висина од 5.4 милијарди вона, што е за 2.8 проценти помалку од третиот квартал.

„Во услови на макроекономската несигурност која ја прави корејскиот вон и зголемената загриженост поради можните укинувања на монетарната политика во САД, нашата добивка беше на пониско ниво, отколку што се очекуваше“, истакна Роберт Ји од одделението на Самсунг за односи со инвеститорите.

Особено се истакна „негативното влијание на девизниот курс“ во износ од 700 милијарди вони и 800 милијарди вони бонус за вработените по повод одбележување на стратегијата на која се темелеше досегашниот успех на компанијата.

Од Самсунг напоменуваат дека не очекуваат скоро подобрување во 2014-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП