29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla S во Кина чини „само“ 121.000 долари

Tesla S во Кина чини „само“ 121.000 долари

tesla motors kina

„Tesla Motors“ најави дека во Кина ќе го продава својот „Model S“ зa 121.000 долари, оценувајќи дека оваа релативно ниска цена за кинескиот пазар ќе претставува „голем ризик“, затоа што купувачите ќе помислат дека станува збор за возило од понизок квалитет.

Електричните, но и луксузните увозни автомобили се значително скапи во Кина, отколку во западните земји, поради данокот и другите давачки за странските производители.

Така, на пример, новата „Chevrolet Corvette“ на кинескиот пазар чини дури 4 пати повеќе отколку во САД, додека купувачите во Кина за „Range Rover“ мораат да одвојат 3-4 пати повеќе пари во однос на цената на ова возило во Велика Британија.

Компанијата „Tesla Motors“ истакна дека на американската цена од 81.000 долари додадени се задолжителните даноци и трошоците за превоз.

„Сакаме да имаме ист пристап кон сите купувачи во светот“, истакна компанијата на својата интернет страна и додаде дека е подготвена да превземе голем ризик, доколку некои од купувачите оценат дека тоа е помалку квалитетен автомобил во однос на поскапите модели на конкуренцијата.

Кинескиот пазар е најголем на светот по бројот на продадени возила, а светските производители на автомобили се повеќе се свртуваат кон оваа земја, поради зголемените приходи и да ја надоместат слабата продажба во Европа и во другите региони. Повеќето од поголемите производители сакаат да отворат фабрики во Кина за да ги избегнат големите давачки.

Меѓутоа, прозиводителите на електрични возила не се подготвени да го префрлат производството во Кина, затоа што кинеската влада на нив врши притисок да ја пренесат и технологијата кај локалните партнери, па автомобилите да се сметаат дека се произведени во оваа земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП