29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКомпјутерот Macintosh слави 30-ти роденден (видео)

Компјутерот Macintosh слави 30-ти роденден (видео)

macintosh1

Американската компанија „Apple“ пред 30 години направи револуција во областа на информатиката, така што го произведе компјутерот „Macintosh“, кој и денеска е симбол на легендарното ривалство меѓу „Applе“ и „Microsoft“

„Apple“ лансираше микросајт на кој оддаде почест на „генерацијата иноватори кои и натаму го менуваат светот“. На него може да се видат сите важни „Mac“ модели од 1984-та година, како и луѓето кои се заслужни за неговиот дизајн.

„„Macintosh“ беше голем чекор напред. Се смисливме и направивме тој да биде достапен и лесен за работа. Тоа е вистински компјутер со кој луѓето можат да си играат и да кажат колку е добар“, вели Ренди Вигинтон, еден од првите вработени во „Apple“.

Пред преставувањето на „Macintosh“, 24-ти јануари 1984-та година, компјутерите беа многу скапи, програмскиот јазик беше во целост неразбирлив за оние кои не се програмери.

Новиот компјутер на „Apple“ тоа го промени и отвори пат кон компјутерите за пошироката јавност, благодарејќи на графичкиот приказ кој предложуваше со глувчето да се управуваат иконите. Тоа го смислил уште во 60-тите години инженерот Даг Енгелбарт од Институтот за истражување.

Кога цените на обичните компјутери изнесуваа и до 10.000 долари, „Macintosh“ чинел само 2.500 долари.

Тогаш започна и ривалството со „Microsoft“ кој следната година го лансираше својот оперативен систем „Windows“, кој стана суштински дел од компјутерите.

macintosh2

„Мислам дека тогашниот основач и директор на „Apple“, Стив Џобс го негираше ривалството меѓу „MS Windows“ и „Macintosh“ и „OS“. Џобс постојано се лутеше на луѓето од „Microsoft“, затоа што „Windows“ го превзема графичкиот приказ на „Macintosh“. Секогаш говореше дека е плагијат“, вели Даниел Коукте, еден од учесниците во производството на „Mас“.

Иако привлечноста на „Macintosh“ стана популарна, „Microsoft “ имаше предност на пазарот. „Macintosh“ стана се потежок, а на пазарот се појавија, нови, потенки, пофини и моќни компјутери.

Досега се продадени 16.5 милиони примероци на „Macintosh“, a денеска покрај „Мac“ компјутерите во центарот на вниманието се и „iPhone“, „iPad“…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП