2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДизајнот на iPhone 6 е веќе готов!?

Дизајнот на iPhone 6 е веќе готов!?

China Apple

Аналитичар на компанијата „Cowan and Company“ тврди дека во „Apple“ одлучиле како ќе изгледа новата генерација на „iPhone“. Оваа инвестициска компанија има и неколку информации поврзани со „iPad“.

Досегашните информации кои пристигнуваат од бројни аналитичари главно кажуваат дека „Apple“ прави „iPhone“ кој нема да има екран од 5 инчи.

По бројните шекулации во врска со новиот смартфон, аналитичарот Тимоти Аркури тврди дека „iPhone 6“ ќе има екран од 4.8 инчи и дека за тоа веќе е одлучено во „Apple“.

Подобрувањата на „iOS“ би можеле да бидат фокусирани на „iBeacon“, „Touch ID“ и „Passbook“ со оглед дека компанијата се повеќе внимание посветува на плаќањето преку мобилен телефон.

Иако голем број на аналитичари укажуваат на големина на екранот од 4.7 или 4.8 инчи, постојат и оние кои сметаат дека на пазарот ќе се појави и уред со дијагонала од 5.5 инчи, додека еден кинески аналитичар тврди дека поголемиот уред би можел да биде претставен по премиерата на смартфонот со дијагонала од 4.8 инчи.

Меѓутоа смартфонот со дијагонала од 5.5 инчи би го вовел „Apple“ на територијата на фаблети и би го оддалечил од зоната на пријатни и уреди лесни за користење со помош на само една рака.

„Cowan and Company“ исто така тврди дека на почетокот на 2014-та година „Apple“ би можел да претстави и „iPad“ од 13 инчи, кој би можел да се најде во линијата меѓу таблети и персонални компјутери.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП