25 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисници на интернет за 15 минути решиja 18 години стара мистерија

Корисници на интернет за 15 минути решиja 18 години стара мистерија

meta

Неколку дена пред да почине, Дороти Холм испишала неповрзани букви на парче хартија, за што нејзините внуци претпоставувале дека е некаква порака, но никако не можеле да разберат што значела.

Дороти, која починала во 1996 година, била болна од рак на белите дробови, што метастазирал и создал тумор на мозокот.

Туморот пред крајот на животот целосно и ја одзел способноста за говор.

На почетокот на оваа недела, 18 години по нејзината смрт, внуката на Дороти – Џејна, ја објавила пораката на баба и на страницата MetaFilter.com и побарала помош од интернет заедницата за нејзино дешифрирање.

Во рок од неколку минути корисниците на MetaFilter започнале со дешифрирање на пораката и еден од нив за 15 минути открил дека станува збор за првите букви од зборовите на една молитва.

Џејна претпоставува дека нејзината баба, која била многу побожна жена, сакала да ја запише молитвата за не ја заборави.

– Тоа што конечно дознавме за што се работи беше големо олеснување. Убаво е да се знае дека се работи за молитва. Тоа ни даде увид за што размислувала и на што била фокусирана последните неколку дена од својот живот, рече Џејна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП