23 април, 2024
ПочетнаФОРЕКС"IBM" разочара со кварталните приходи

“IBM” разочара со кварталните приходи

IBMlogo

Цената на акциите на Wall Street беа помешани откако технолошкиот гигант IBM ги разочара инвеститорите со кварталната заработувачка.

Dow Jones падна за 0.25%, S&P 500 индексот порасна за 0.06%, додека Nasdaq индексот беше повисок за 0.41%.

IBM не ги исполни очекувањата во четвртиот квартал поради намалувањето на побарувачката за сервери на пазарите во развој како што е Кина, која сочинува околу 5% од работењето на IBM, од кои 40% се однесуваат на продажба на хардвер.

Азиските берзи паднаа по објавувањето на разочарувачките податоци за кинеското производство.

Јапонскиот индекс Nikkei 225 падна за 0.79%, Hang Seng индексот од Хонг Конг се намали за 1.4%, додека австралискиот ASX/200 беше понизок за 1.07%.

Европските акции исто така беа помешани по позитивните податоци од Франција и Германија, иако извештајот за слабото производство во Кина изврши притисок на расположението на пазарот.

Euro STOXX 50 порасна за 0.07%, францускиот CAC 40 скокна за 0.22%, лондонски FTSE 100 падна за 0.03%, додека германски DAX 30 беше понизок за 0.09%.

Производството во Германија се зголеми во јануари со најбрзо темпо од мај 2011-тата на 56.3 поени, од предходните 54.3 поени во декември, додека аналитичарите очекуваа раст на 54.6 поени.

Производството во Франција исто така се зголеми во јануари на 48.8 поени од 47.0 во декември, а аналитичарите предвидуваа раст на 47.5 поени.

 Адмирал Маркетс,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП