8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia Cadenza e Меѓународен автомобил за 2014-та

Kia Cadenza e Меѓународен автомобил за 2014-та

kia cadenzaaada

Американскиот „Road & Travel Magazine“ на саемот во Детроит ја прогласи лимузината „Kiа – Cadenza“ за Меѓународен автомобил на годината (International Car of the Year – ICOTY).

Луксузната лимузина, „Kia Cadenza“, која во матичната Јужна Кореја е позната под ознаката „К7“, на американскиот пазар пристигна во 2013-та, а „Kia“ има во план да им ја понуди и на купувачите во Европа.

Наградата за автомобил на годината дојде во вистински момент за „Kiа“, која во 2014-та во САД слави 20 години работење, а споменатиот магазин во 2012-та, своето најпрестижно признание исто така и го додели на уште една лимузина на „Kiа“, моделот „Optima“.

kia cadenzaaada1

Победникот го избира „ICOTY“ жири кое го сочинуваат автомобилски новинари од американските медиуми, како што се „Consumer Guide“, „Automotive MSN Autos“, „New Car News Syndicate“ и „Road & Travel Magazine“.

Покрај атрибутите како што се стил, комфор и перформанси, жирито го вреднуваше и тоа „како брендот низ своите маркетинг напори е емотивно поврзан со купувачите“.

„„Kia Cadenza“ победи поради многу причини, а меѓу останатото и поради тоа што „Kiа“ одлично настојува да биде значајно присутна во категоријата на луксузни возила“, рече Кантри Калдвел, уредничка на „Road & Travel“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП