ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСе чини дека фаблетите сепак нема да исчезнат, туку напротив

Се чини дека фаблетите сепак нема да исчезнат, туку напротив

fabletiia

Судејќи според истражувањето кое го спроведе „Juniper“, фаблетите сега и официјално станаа успешни со податокот дека во 2013-та година биле испорачани 20 милиони единици, а експертите проценуваат дека оваа бројка до 2018-та година би можела да изнесува 120 милиони.

Растот на пазарот на фаблети од неговото претставување е во постојан пораст, а за успехот допринесуваат и многу успешните уреди како што е серијата „Samsung Galaxy Note“, особено „Note 3“ и „LG G Flex“.

Овој термин е скован во недостаток на збор која би го дефинирал уредот кој е хибрид на смартфонот и таблетот.

Според „Juniper“, за некој уред да може да се најде во оваа класа, тој мора да поседува екран со дијагонала од барем 5.6 инчи.

Општо познато е дека скоро сите производители на смартфони и таблети, во последно време се обидуваат со своите уреди да се натпреваруваат и на се повеќе популарниот пазар на фаблети. Па затоа останува да видиме какви уреди ќе понудат технолошките гиганти во класата на фаблети.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП