11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota во 2013-та продала скоро 10 милиони возила

Toyota во 2013-та продала скоро 10 милиони возила

toyota prodazbaae

Откако во 2012-та година повторна стана број 1 во светот по бројот на продадени возила, „Toyota“ оваа титула ја задржа и во 2013-та и тоа пред „General Motors“ (GM) и групацијата „Volkswagen“.

Јапонскиот гигант во 2013-та година продал 9.98 милиони автомобили, што е и рекорден годишен обем во продажбата на „Toyotа“.

Овие податоци доаѓаат откако „GM“ соопшти дека во 2013-та година на купувачите им испорачале 9.71 милиони возила, а „Volkswagen“ остварил годишна продажба од 9.5 милиони возила.

„Toyota“ во 2008-та година за прв пат го симна од тронот „GM“, но американската компанија во 2011-та повторно се врати на челната позиција, а причина за тоа беа природните катастрофи во Јапонија кои го загрозија производството и го прекинаа ланецот на снабдување на јапонскиот производител. Во 2012-та „Toyota“ успеа да го претекне „General Motors“, а во 2013-та да ја зајакне оваа позиција.

Покрај тоа, „Toyota“ во 2012-та повторно ја превзема титулата најголем производител на автомобили во светот, а според досегашните показатели тоа треба да го потврди и кога станува збор за 2013-та година.

Јапонската компанија очекува во 2014-та година да стане првиот производител на возила кој во една година продал 10 милиони автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП