26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЈужна Кореја вложува 1.5 милијарди долари во 5G мрежа

Јужна Кореја вложува 1.5 милијарди долари во 5G мрежа

South Korea Samsung Apple

Јужна Кореја , која веќе е меѓу земјите со најдобар Интернет во светот, соопшти за почетокот на нов проект во вредност од 1,5 милијарди долари и тоа за создавање на петтата генерација (5G) на безжичната мобилна мрежа, која е доволно брза да преземете долгометражен филм за една секунда. 5G мрежата ќе биде околу илјада пати побрза од 4G.

Во мај 2013-та година јужнокорејскиот гигант „Samsung“ соопшти дека успешно тестирале превземање на податоци во 5G мрежа на 1 гигабајт во секунда на растојание од 2 километри.

„Ние им помогнавме за економскиот раст на земјата со создавање на 2G во 90-тите години, 3G во 2000-та и 4G во 2010-та година. Време е да почнеме да ја развиваме и 5G. Земјите од Европа, Кина и САД ги интензивираа напорите за развој на оваа технологија и сметаме дека за неколку години ќе има огромна конкуренција во овој сектор“, се вели во пораката од јужнокорејското Министерство за телекомуникации.

Во ноември кинеската компанија „Huawei“ ги објави плановите за пуштање во комерцијална употреба на 5G во 2020-та година, инвестирајќи во проектот 442.5 милиони евра. Во Европа проектот „Metis“ собра 28 телекомуникациски компании, главно од Стариот континент, но исто така и кинеската „Huawei“ и јапонската „Docomo“. Дел од 27-те милиони долари, вложени во проектот, беа обезбедени од Европската комисија, која го субвенционира создавањето на 5G мрежи со 50 милиони евра до крајот на 2015-та година.

Во Јужна Кореја планираат трговската услуга да стане достапна до декември 2020-та година, откако ќе биде тестирана во 2017-та година. За учество во проектот се поканети телекомуникациските оператори „SK Telecom“ и „Korea Telecom“, како и производителите на мобилни уреди „Samsung“ и „LG“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП