10 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТач скрин кој со помош на проѕирна течност добива тастатура

Тач скрин кој со помош на проѕирна течност добива тастатура

taktus

Компанијата „Тактус технолоџи“ претстави нова технологија која може да претвори едноставен, рамен екран, чувствителен на допир во апарат со класична тастатура.

Имено, кога ќе се вклучи тастатурата на телефонот, на екранот се појавуваат испакнати мали површини кои изгледаат како капки вода.

Откако ќе се заврши со чукањето, испакнатите „капки“ се повлекуваат и екранот повторно станува рамен.

„Тактус технолоџи“ разви хардвер, односно посебен слој кој го заменува „Горила глас“ стаклото, кое се наоѓа на повеќето нови телефони и таблети.

Оваа површина е направена од полуеластичен полимер, под кој се наоѓаат канали кои се полнат со специјална, проѕирна течност.

Оваа течност се собира на одредени места кога се појавува тастатурата на екранот, со цел чукањето да биде полесно и поприродно.

Оваа технологија од годинава почнува сериски да се произведува, а таквите телефони можат да се очекуваат веќе во следните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП