28 април, 2024
ПочетнаФОРЕКСЈапонската банка продолжува со програмата на олеснување

Јапонската банка продолжува со програмата на олеснување

yen-bloomberg

Банката на Јапонија ја задржа својата рекордна програма за олеснување, додека зајакнувањето на цената укажува на напредок против дефлацијата.

По дводневниот состанок во Токио, гувернерот на банката Харухико Курода ја задржа својата одлука за проширување на годишната монетарна основа од 60 на 70 билиони јени.

Со оглед нa посакуваната инфлација, која е повеќе од половина од целта од 2%, аналитичарите ги намалија прогнозите додека Централната банка не може во иднина да ја олабавува монетарната политика.

Пред да се одлучат за дополнителни стимулации, членовите на одборот ќе имаат дополнително време да го испитаат зголемувањето на данокот во април и трендот на заработувачка.

Главниот економист во ‘Monex Inc.’ во Токио Наоки Мураками изјави: “Банката на Јапонија не треба да делува одма. Инфлацијата напредува во склад со прогнозите.”

Потрошувачките цени, исклучивајќи ја свежата храна, се кренаа за 1.2% во ноември во однос на минатата година, најбрзо од 2008-та и во близина на зацртаната цел од пред година дена од 2%.

За последниот квартал од 2013-та, аналитичарите проценуваат дека инфлацијата че биде 1.1%, речиси три пати повеќе од она пто се предвидуваше во април 2013-та година.

Адмирал Маркетс,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП