2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДознајте кој ви краде Wi-Fi

Дознајте кој ви краде Wi-Fi

wi fi mreza

Без оглед дали се обидувате да ја подобрите сопствената бежична мрежа или сакате да откриете колку е преоптеретен хотелскиот „Wi-Fi“, постои бесплатна алатка за „Windows“ која може во тоа да ви помогне.

Откако ќе ја инсталирате, алатката „Who Is On My Wi-Fi“ може да ја скенира околината според однапред поставениот распон на „IP“ или на целата мрежа во близина.

Ќе добиете „IP“ и „MAC“ адреси, имиња на компјутери, статусни врски и друго. Проверете колку уреди се ваши, а колку се потенцијални шверцери.

Да бидат работите поинтересни, неморате да имате право на пристап како администратор за да ги користите, дури иако сте обичен корисник, можете да видите кој се е прикачен на мрежата.

Нормално, тоа не ви е потребно за вашата домашна мрежа. Доколку се посомневате дека некој ја користи вашата мрежа „Wi-Fi“ или ја открил вашата лозинка, можете тоа да го откриете така што ќе се логирате на рутерот и ќе го проверите тоа.

Апликацијата би можела да ви биде од корист во случај кога користите туѓ „Wi-Fi“, да проверувате друга мрежа освен вашата или едноставно сте љубопитни.

И внимавајте, пред да започнете на гледате по мрежата на работа, имајте на ум дека со тоа можете да го алармирате „IT“ секторот и да ги налутите луѓето кои тоа го работат.

„Who’s On My Wi-Fi“ е бесплатен, а потребен му е „Microsoft – NET framework“ за да може да работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП