5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБанкар кој не зема бонуси и профитот на банката го дели на...

Банкар кој не зема бонуси и профитот на банката го дели на работниците

bankar-bouvin

Андерс Боувин – директорот на шведската банка Ханделсбанкен, е необичен менаџер кој е роден во Африка, развива бизнис во кој лојалноста кон клиентите и способноста да им се помогне му е поважна од маркетингот и профитот.

Роден во Африка, успеал во Шведска како директор на банка, од што не се збогатил. Тој е Андерс Боувин, извршен директор на Ханделсбанкен, шведската банка која според BBC, веројатно е најдобрата банка за која никогаш не сме слушнале.

Овој 55 –годишник веќе 28 години е лојален на својот работодавец, од кого, и покрај фактот што го одржува во позитива и незапирливо го проширува бизнисот, не зема годишни бонуси. Не зема ни цент, а да не зборуваме за милиони евра. Чудно за еден менаџер, особено за банкар, кој практично ги „создава“ парите.

stipka-bankar

Но Боувин кој е израснат во поранешна Родезија (сега Зимбабве), каде што неговиот татко бил конзул и шеф на рудник, дипломиран економист, смета дека тоа не е ниту услов ниту награда за добро дело.

– Вредностите на овие банки се во согласност со моите, а тоа се долгорочност и филозофија на децентрализацијата, отелотворени во мотото „филијала ( подружница ) на банката“. Работата во канцеларија е нешто најдоброто што сум направил – објаснува Боувин, велејќи дека во тој период односите со клиентите и колегите му процветале, и моќта да ги направи задоволни му одговарала.

Поточно тоа јакнење преку мали, локални филијали е успех на банката Ханделсбанкен, која по првите девет месеци во 2013 година, по оданочувањето направила профит од дури една милијарда фунти.

– Раководител на филијала е оној кој овозможува претпазливи кредитни и инвестициски одлуки, врз основа на блиските односи со клиентите – верува Боувин.

Банка со таков пристап не треба да инвестира во маркетинг, бидејќи, како што вели тој – „Нашите клиенти не се чувствуваат подобро кога на дресот на некој играчи или на автобус ќе го видат името на својата банка“.

Клучот за успехот лежи во фактот дека банката дел од профитот го инвестира во својот персонал, но тие пари вработените можат да ги добијат само откако ќе достигнат возраст од 60 години, а некои од нив откако ќе заминат во пензија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП