4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G Flex пристигнува во Европа

LG G Flex пристигнува во Европа

LG_G_Flex evropa

„LG G Flex“, закривениот смартфон на овој јужнокорејски производител пристигнува во Европа.

Како што е наведено во официјалното соопштение, „G Flex“ следниот месец ќе пристигне во дваесетина земји, меѓу кои се Велика Британија, Германија,Франција, Италија, Шведска и Австрија.

Уредот досега е лансиран во Азија, Кореа, Хонг Конг и Сингапур, а најавено е дека ќе се појави и на американскиот пазар во текот на овој квартал.

„Овој премиум смартфон потврдува дека брендот „LG“ нуди нешто единствено во секој сегмент, а уредот сигурно ќе стане хит каде и да се појави“, вели Јонг Сеок Парк, „CEO“ на компанијата „LG Mobile Communications“.

Потсетуваме, станува збор за телефон со 6 инчен екран со резолуција од 720p кој работи на 4 јадрен процесор на 2,26GHz. Овој паметен телефон има 2GB RAM меморија, камера со резолуција од 13 мегапиксели и батерија од 3.500mAh. Смартфонот работи на „Android 4.2.2“.

Цената по која се продава во Кореа изнесува 999.900 корејски вони, односно околу 940 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП