8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMango го претставува новиот Seat Mii by Mango

Mango го претставува новиот Seat Mii by Mango

seat-mii-by-mango

MANGO, најинтернационалниот шпански моден бренд ги спои силите со SEAT и лансираше специјална едиција на градското возило Mii која ќе биде претставена на следното изданеие на 080 Barcelona Fashion од 27 до 31 јануари.

Новиот SEAT Mii by MANGO со својот атрактивен надворешен и внатрешен дизајн ќе биде достапен кај дилерите на автомобилот ова лето. Моделот е направен во две бои бежова и црна, персонализирана надворешност, електронски ретровизори со загревање. Внатрешноста пак, содржи практични додатоци како закачалка за ташна и и огледало на визорот од страната на возачот, како и специјални патосници, педали и клуч со посебен амблем.

seat-mii-by-mango

Новиот модел создаден од SEAT и MANGO доаѓа со многу изненадувања и атрактивен натпревар на светско ниво, кој има за цел да ја награди кретивноста и оригиналноста на корисниците на интернет и социјални мрежи. Првите 1000 автомобили SEAT Mii by MANGO ќе бидат доставени со три додатоци: чадор, чанта и дополнителен моден додаток дизајниран од страна на учесниците во онлајн натпреварот.

Во натпреварот може да учествуваат корисници од било кој дел од светот со тоа што ќе направат уникатен дизајн на модниот додаток за новиот SEAT Mii by MANGO, стекнувајќи се со можност да добијат многу атрактивни награди. Натпреварот започнува денес и ќе продолжи во следните 5 недели. Повеќе информации и детали може да се најдат на:

www.facebook.es/seat

www.facebook.com/SEAT.Official

www.facebook.com/mango.com

www.seat.es

www.seat.com

www.talenthouse.com

 

Предлозите ќе ги оценуват експерти од SEAT и MANGO кои ќе го изберат најкреатицниот предлог. Победникот ќе добие автомобил SEAT Mii by MANGO, а останатите 5 финалисти ваучер за купување во MANGO.

Без сомение, Mii by MANGO е атрактивен производ со одличен дизајн и обемна опрема – резултат на фузијата на два водечи брендови во индустриите во кои работат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП