3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ95 % од банкоматите користат Windows XP, но што по 8-ми април?

95 % од банкоматите користат Windows XP, но што по 8-ми април?

bankomat xp os

12 годишниот оперативен систем на „Microsoft“ – „Windows XP“ се наоѓа на 95 проценти од банкоматите ширум светот, проценува компанијата „NCR“, најголемиот снабдувач на банкомати во САД. Сега е веќе познато дека „Microsoft“ нема да ја промени одлуката за прекинот во обновувањето на поддршката за „XP“ на 8-ми април оваа година, па поради тоа оперативниот систем на поголемиот дел од банкоматите ќе мора да биде заменет со нова верзија.

„Microsoft“ веќе со години ги предупредува корисниците дека деновите на „XP“ се одбројани, но производителите на банкомати некако многу бавно реагираа на оваа информација. Како што пишува „The Verge“, повеќето банкомати ја користат верзијата „XP“ која ќе остане без поддршка во април месец, а одреден број од овие уреди ја користат „Embedded“ верзијата која ќе биде поддржана до 2016-та година.

Повеќето банкомати ќе преминат на „Windows 7“, но не од април 2014-та година. Па поради тоа банкоматите ќе останат со неажуриран и ранлив софтвер, па некои компании најверојатно ќе се одлучат да склучат договор со „Microsoft“ за продолжување на поддршката, што дополнително ќе треба да си го платат. Со тоа компаниите ќе си го купат времето кое им е потребно за преминување на новиот оперативен систем.

За производителите на банкомати и за банките, преминувањето на новиот оперативен систем нема да биде едноставно и евтино. Сепак, за корисниците заминувањето на „Windows XP“ од банкоматите ќе значи дека времето на бавни банкомати поминува и дека основната функционалност на овие уреди значително ќе биде подобрена. Во некои случаи, замената на застарениот „Windows XP“ со нов систем нема да биде доволна, па ќе бидат потребни и промени на хардверот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП