28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAndroid уредите наскоро стануваат уште „попаметни“

Android уредите наскоро стануваат уште „попаметни“

Brian Krzanich

Во вториот квартал од оваа година, на „Android“ таблетите пристигнуваат чиповите на „Intel“ – „Bay Trail“.

Па така процесорите со четири јадара ќе ја посетат и оваа мобилна платформа, иако според првичниот план „Bay Trail“ чиповите беа поврзани исклучиво со оперативниот систем „Windows“.

Токму поради промената на стратегијата вредеше да се чека да пристигнат и на „Android“ уредите.

Информацијата ја откри еден од директорите на „Intel“, Брајан Кржаниќ за време на состанокот за финансиските квартални и годишни резултати на компанијата.

Многумина од аналитичарите ја очекуваа појавата на „Android“ уредите на „Bay Trail“ и тоа на саемот „CES 2014“, но тоа не се случи. Од друга страна, Кржаниќ ги потврди и говореше за предностите на 64- битните чипови, затоа што „Android“ денеска е „32-битна платформа“.

Меѓутоа, „Intel Bay Trail“ и на „Windows“ компјутерите се врти во 32-битниот мод, но тоа ќе се промени во следните неколку месеци.

Од друга страна, бројот на мобилни „Android“ апликации кои се прилагодени да ја искористат 64-битната архитектура во почетокот ќе бидат многу малку, но постојат шанси програмерите да го решат овој проблем, нормално доколку на пазарот започнат да се појавуваат поголем број на 64-битни „Android“ уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП