28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали сте виделе вакво Ауди? (видео)

Дали сте виделе вакво Ауди? (видео)

audi-tablet-2

Германскиот производител на луксузни возила, компанијата Ауди, претстави нов модел кој од останатите во понудата се разликува, пред се поради своите димензии.

Станува збор за таблет кој ја носи ознаката на компанијата од Инглоштад, а кој наскоро ќе се најде во сите нови модели. Овој уред го користи оперативниот систем Андроид 4.3, а наскоро се очекува да биде ажуриран во верзијата 4.4.

Уредот ќе овозможи управување на многу функции во самиот автомобил, пребарување на адреси и користење на навигација, како и пристап до сите информации од централната конзола на инструмент таблата.

Повеќе информации за овој таблет можете да погледнете во видео снимката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП