2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley Mulsanne Birkin во ограничена серија од 22 примероци

Bentley Mulsanne Birkin во ограничена серија од 22 примероци

birkin1

„Bentley“ претстави специјална едиција на моделот „Mulsanne“ со која ќе му одаваат почит на Сер Хенри „Тигар“ Тим Биркин, добро познат возач на авто-трки од дваесетите и триесетите години од минатиот век.

birkin2

Производството на овој модел ќе биде ограничено на само 22 возила и сите тие ќе бидат понудени во три бои на екстериерот. Сите возила ќе имаат 21-инчни алуминиумски тркала и ќе се испорачуваат со полочки за праговите со бројот на единици. Овој модел ќе поседува и одговарачки сет за багажникот и кој ќе биде индивидуално означен со број и рачно изработен.

birkin3

Оваа специјална едиција исто така поседува и „Entertainment specification“ ниво на опрема со дуал 8 инчни „LCD“ екрани кои се поставени на задната страна на предните седишта. Тука е и „WiFi hotspot“, „DVD“ плеерот и „Naim“ системот на звучници, како и „iPad“ уредите кои се вградени во рачно изработените столови за пикник кои се направени од дрво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП