28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто може да очекуваме од Apple во оваа година?

Што може да очекуваме од Apple во оваа година?

Tim Cook, Xi Guohua

„Apple“ одлучи да ја зголеми големината на своите телефони и така полека да влезе на пазарот на се популарните фаблети. Оваа година се очекуваат два нови модели на „iPhone“, нов „iPad“ од 12.2 инчи и долгоочекуваниот „iWatch“.

Најверојатно во „Apple“ сфатиле дека големината на екранот е многу важна, па затоа во втората половина од оваа година компанијата ќе претстави два нови телефони со поголема дијагонала во однос на претходните, но и новиот таблет „iPad Pro“ кој ќе има екран од 12.2 инчи.

Додека поголемиот дел од компаниите претставуваат телефони поголеми од 4 инчи, „Apple“ во втората половина од минатата година ја зголеми големината на својот „iPhone“ од 3.5 инчи на скромни 4 инчи. Љубителите на оваа компанија, како и аналитичарите веќе подолго време сакаат да видат телефон кој ќе парира на се поголемите телефони, популарните фаблети, како на пример „Galaxy Note 3“.

Според неофицијалните информации, кои се појавија на интернет, еден од двата нови „iPhone“ уреди, кој некој го нарекуваат и „iPhone Air“, затоа што најверојатно ќе биде тенок само 6 милиметри, ќе има екран од 4.7 инчи, резолуција од 1600 x 900 пиксели и густина од 386 пискели по инч.

Вториот модел на новиот „iPhone“ ќе има големина на екран од 5.5 инчи со „Full HD“ резолуција. Овој модел на „Apple“ би влегол на пазарот на се популарните фаблети. Двата модели ќе имаат одличен хардвер, најверојатно 64-битен A8 процесор, повеќе меморија, подобра графика и кавалитетна камера.

Што се однесува до новиот модел на „iPad“, екранот ќе биде со големина од дури 12.2 инчи, а резолуцијата од 2732 x 2048 пиксели.

Покрај новите верзии на веќе постоечките уреди, се очекува „Apple“ оваа година да ја претстави и нивната верзија на паметниот часовник „iWatch“ кој сите со нетрпение го очекуваат.

Засега „Apple“ не дава никакви официјални информации, но искуството од претходните години покажува дека голем број од гласините поврзани за „Apple“ воглавно се вистинити, па така можеме да сметаме дека Тим Кук и компанијата новите уреди навистина ќе ги претстават во текот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП