19 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche Cayman и Boxster GTS без „камуфлажа“

Porsche Cayman и Boxster GTS без „камуфлажа“

pors1

На интернет беа објавени првите фотографии од прототиповите на „GTS“ верзиите на последните генерации на моделите „Cayman“ и „Boxster“, без маскирни фолии со кои обично се сокрива надворешноста на ваквите тест возила.

pors2

Како што е случајот и кај „GTS“ варијантата на „Panamerа“, „Cayman GTS“ и „Boxster GTS“ исто така се засновани на „S“ верзиите на овие модели, но со нешто помоќни мотори и подобрена шасија.

Стилските промени на надворешноста опфаќаат редизајниран браник со модифицирани отвори за воздух и нов заден дифузор. Прототипите се опремени со 19 инчни бандажи со зимски гуми, а продукциските верзии ќе имаат нови, 20 инчни алуминиумски бандажи.

pors3

Се очекуваат и помали промени во дизајнот на ентериерот, како што се новите колоритни шеми и материјали.

Во документот кој „процури“ во јавноста кон крајот на 2013-та година се наведува дека „Porsche Cayman GTS“ ќе има мотор со 340 ks, додека агергатот во „Boxster GTS“ ќе испорачува 330 ks.

pors4

Истиот извор открива дека двата „GTS“ модели ќе имаат премиера на саемот за автомобили во Пекинг во април 2014-та година, додека продажбата ќе започне во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП