26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва ќе биде најубавиот Mercedes досега!?

Ова ќе биде најубавиот Mercedes досега!?

najubava mecka

Новиот спортски топ модел на „Mercedes“, кој во јавноста е познат под имињата „SLC“ и „AMG GT“, според зборовите на шефот на дизајн на оваа компанија, Горден Вегенер, тоа ќе биде најубавиот автомобил во историјата на оваа марка.

Новиот спортски модел, кој има интерна фабричка ознака „C190“, и натаму е „маскиран“ со оглед дека се наоѓа во фаза на тестирање, па поради тоа се уште неможеме да го провериме тврдењето на првиот дизајнер на „Mercedes“.

Вегенер вели дека оние кои биле во можност да го видат автомобилот како изгледа без камуфлажа, го споредуваат новиот „Mercedes“ со легендардниот „Jaguar E-Type“, кој се смета за еден од најубавите спортски автомобили досега.

najubava mecka1

Главниот дизајнер на „Mercedes“ верува дека и моделот „SLC/AMG GT“ ќе остави сличен безвременски печат во автомобилската историја.

Што се однесува до возните карактеристики, членот на управниот одбор и поранешен шеф на AMG одделението, Ола Калениус, неодамна изјави дека фокусот при развојот на овој автомобил бил ставен на неговите спортски карактеристики, додека луксузот е во втор план.

najubava mecka2

„Намерно несакавме да ги раздвоиме моделите „SLS AMG“ и „SLC/AMG GT“, затоа што првиот е означен како „спортско-луксузен“, додека вториот во историјата на „Mercedes“ ќе биде познат како „чисто спортски автомобил“, објаснува Калениус.

Тој не беше подготвен да ги соопшти техничките детали на ова возило, но се претпоставува дека новиот спортски „Mercedes“, чија премиера се очекува во текот на 2014-та година, под хаубата ќе има 4.0 литарски V8 кој ќе произведува 485-500 ks, a станува збор за агрегат кој ќе го придвижува и новиот „Mercedes C63 AMG“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП