28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот HTC One пристигнува во март?

Новиот HTC One пристигнува во март?

htc one nov

Според „Bloomberg“, новата верзија на моделот на „HTC“- „One“ ќе се појави во март. Исто така познати се и дел од спецификациите, а изворот на овие информации е личност која добро ги познава плановите на „HTC“

Новина на смартфонот најверојатно ќе биде страничната камера со два сезнори. Покрај зголемениот квалитет на снимката, оваа можност ќе можат да ја искористат програмерите на апликации која ќе им овозможи на пример да добиваат информации за оддалеченоста на објектот во кадарот.

Дизајнот на уредот ќе остане ист како и на актуелниот модел, додека промена би требало да биде големината на екранот. Новиот смартфон ќе има екран со дијагонала од минимум пет инчи, а процесорот според некои очекувања ќе биде новиот „Qualcomm Snapdragon 805“.

Што се однесува до името на уредот, тоа ќе остане исто, па така овој паметен телефон ќе се нарекува „HTC One“. Слична тактика со именувањето на производите имаше и „Apple“ со „iPad“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП