2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini забележа рекордна продажба трета година по ред

Lamborghini забележа рекордна продажба трета година по ред

lambo prodazba

Минатата година беше многу успешна за „Lamborghini“, што одлично се вклопи со фактот дека оваа компанија прославува педесет години постоење. Во текот на 2013-та година, овој италијански производител на автомобили продал 2.121 возила, а една година претходно тие испорачаа 2.083 единици.

Од тие 2.121 примероци, „Lamborghini Aventador“ забележа раст од 9 проценти во текот на 2013-та година во споредба со една година претходно.

Вкупно 1.001 единици од моделот „Aventador“ беа испорачани на купувачите ширум светот, две и пол години откако започна продажбата на овој модел, кој бележи фантастичен успех, па така за испорака на купе и „Roadster“ верзијата се чека до 12 месеци.

САД и натаму е најуспешен пазар за „Lamborghini“, бидејќи таму се испорачани 36 проценти од возилата, додека на второ место се наоѓа „EMEA“ регионот кој ги опфаќа Европа, Блискиот Исток и Африка, каде се испорачани 34 проценти од возилата, додека преостанатите 30 проценти заминале во азиско-пацифичкиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП