4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија против традицијата на средбите со Унгарија

Македонија против традицијата на средбите со Унгарија

mak rakomet

На првиот натпревар од втората фаза на европскиот шампионат во ракомет, денеска од 16 часот Македонија за противник ја има Унгарија, но и традицијата која е на страната на противникот. „Црвено-жолтите“ на 12-те натпревари со Унгарците десет пати загубиле, а само двапати се радувале, последен пат пред во 2003-та година.

Унгарската репрезентација во втората фаза од континенталниот шампионат влезе како третопласирана во групата Б без победа. Прво убедливо загуби од Шпанија (27:34), а потоа одиграа две нерешени средби, против Исланд (27:27) и против Норвешка (26:26).

Нашата репрезентација ќе биде засилена откако им се приклучува Немања Прибак.

Во новоформираната група 1, Македонија пренесе 2 бода, Унгарија 1.

Двојки за другите две денешни средби од оваа група: Австрија – Исланд (18:15 часот) и Данска – Шпанија (20:30 часот).

Табела: Шпанија 4 бодови, Данска 4, Македонија 2, Исланд 1, Унгарија 1, Австрија 0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП