26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо патиштата се возат шест милиони хибриди на Toyota

По патиштата се возат шест милиони хибриди на Toyota

toyota hibridite

Од 1997-ма година го лансираше првиот автомобил со хибриден погон, компанијата „Toyota“ ширум светот продаде шест милиони од овие возила.

Според прецизните податоци кои ги објави јапонскиот производител, заклучно со 31-ви декември 2013-та година, вкупната продажба на хибридни автомобили на брендовите „Toyota“ и „Lexus“ изнесува 6.072.000 единици.

„Toyota“ се пофали дека за последниот милион од овие автомобили со хибриден погон и било потребно само девет месеци, со оглед дека глобалната продажба на хибриди ја достигна бројката од 5 милиони во март 2013-та година.

Првиот хибриден модел на јапонскиот производител беше „Coaster Hybrid EV“ и се појави на домашниот пазар во август 1997-ма година, додека првиот модел за масовно производство „Toyota Prius“ беше претставен во декември истата година.

До јануари 2014-та година бројот на моделите со хибриден погон се зголеми на 24, покрај „Prius Plug-in Hybrid“, „Toyota“ планира до 2016-та да претстави 15 нови хибридни модели ширум светот.

Во оваа компанија пресметале дека нивните 6 милиони возила допринеле глобалната емисија на јаглерод-диоксид да се намали за околу 41 милиони тони. Односно, толку би изнесувала дополнителната количина на „CO2“ која би се нашла во атмосферата ако 6 милионите купувачи, наместо хибридите би се одлучиле за автомобили со бензински мотори со слична големина и моќ.

Истовремено, глобалната светска заштеда во потрошено гориво изнесува 15 милијарди литри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП