3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW работи на третиот „i“ електричен автомобил

BMW работи на третиот „i“ електричен автомобил

bmw i model

Бидејќи саемот за автомобили во Детроит е место каде сите љубители на возила можат да се запознаат со плановите на производителите, природно е таму да се најдат експерти од компанијата „BMW“, кои се подготвени да зборуваат за идните планови на компанијата.

Веќе некое време се достапни информациите за моделот „i5“, а овој пат беше потврдено дека „BMW“ го има заштитено името „i5“ и дека во текот на 2016-та година може да се очекува овој модел во седан верзија.

Јакоб Харб, раководителот на одделениот за возила со електричен погон во „BMW“, нагласи дека следниот потег на компанијата би можело да биде голема единица која ќе биде сродна на моделот „i3“, а тој потврди дека развојот на таквиот модел е веќе во тек и може да се очекува во следните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП