2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМоделот GLA добива AMG верзија со 360ks

Моделот GLA добива AMG верзија со 360ks

glamodel

„GLA 45 AMG“ доаѓа со дволитарски турбо мотор кој развива 360 „коњски сили“, а брзината од 0 до 100 km/h ја развива за 4.8 секунди со помош на „Launch-Control“ системот.

Како што се очекуваше, „GLA 45 AMG“ ќе го користи погонскиот ситем од „AMG“ изведбата на „A-сlasѕ“. Станува збор за дволитарски бензиски турбо-мотор кој развива 360 KS или неверојатни 180 KS по литар. Максималниот вртежен момент изнесува 450 Nm. Погонот е на сите четири тркала, а моќта се пренесува преку седумстепениот менувач со двојно квачило.

Од 0 до 100 km/h „GLA 45 AMG“ со помош на системот „Launch-Control“ брзината ја постигнува за 4.8 секунди и со тоа е без конкуренција во класата на компактни кросовери. За безбедно сопирање задолжени се „AMG“ дисковите, а за атрактивноста на возилото се погрижи ја бандажите од 19-инчи.

Се очекува продажбата на оваа верзија да започне некаде напролет, а цената на ова возило засега се уште не е позната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП