28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГугл создаде контактни леќи за дијабетичари

Гугл создаде контактни леќи за дијабетичари

gugl leki

Гугл создаде паметни контактни леќи, кои го следат нивото на гликоза во солзите.

Во леќите има мал безжичен чип и минијатурен сензор за гликоза, запечатени меѓу двата надворешни слоја. Претстои да се стават мали лапмички кои ќе светат кога нивото на гликоза ќе премине одредени граници.

„Сеуште ја развиваме технологијата. Извршивме бројни клинички тестови, со кои ќе го подобриме прототипот. Се надеваме дека еден ден ќе најдеме нови начини за справување со дијабетисот“, велат од Гугл.

Според Меѓународната федерација на луѓето болни од дијабетес, еден од десет луѓе во светот ќе има дијабетис до 2035-та година Луѓето кои страдаат од оваа болест треба да го следат нивото на гликоза. Повеќето од диабетичарите го мерат крвниот шеќер преку анализирање на капка крв со помош на глукомер.

Гугл развива прототип на контактни леќи, кои прават истражување на нивото на гликоза на секоја секунда. Компанијата работи со Агенциите за Прехрана и Лекарската на САД, а за да го претстави производот на поширокиот пазар, тие дури бараат партнери за финализирање на проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП