27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG претстави нови сервиси за домашните „smart“ апарати

LG претстави нови сервиси за домашните „smart“ апарати

uredi lg

Компанијата „LG Electronics“ (LG) во рамките на годинешниот „CES“ во Лас Вегас ја претстави најновата генерација на „смарт“ технологија која се потпира на предностите на обработка на гласовните команди.

На тој начин, на корисниците им е овозможено да комуницираат, контролираат и надгледуваат своите „LG“ домашни апарати по пат на популарните мобилни сервиси, вклучувајќи ги „LINE“ и „LG HomeChat“ апликациите.

Замислена како бесплатна апликација за „Android“, „iPhone“, „Windows Phone“, „Blackberry“ и „Nokia Asha“ платформите, како и за „Microsoft Windows“ и „Mac OS X“ оперативните системи, „HomeChat“ и „LIVE“ сервисите на корисниците им овозможуваат сеопфатно и едноставно управување со апаратите за домаќинство со помош на компјутер или мобилните уреди.

„„LG“ е секогаш на врвот според иновациите, настојувајќи да ја разбуди инспирацијата кај своите корисници за да можат паметно да ги водат своите животи“, изјави Сеонг-Џин Џо, извршниот директор на компанијата „LG Electronics Home Appliance“.

Сопствениците на „LG smart“ уредите произведени во 2014-та година ќе бидат во можност да управуваат со сите компатибилни домашни апарати благодарејќи на сервисот „HomeChat“. Со едноставно внесување на текстот „Одам на одмор“, овој напреден сервис автоматски ќе го постави прашањето: „Дали е потребно да ги префрлам сите уреди во режимот за одмор?“.

Доколку корисникот одговори потврдно, сервисот ќе го вклучи ладилникот во модусот за заштеда на енергија, ќе ја намести правосмукалката да се вклучува секој ден во 9 часот, како и автоматски да ја вклучи машината за садови ден пред вашето враќање дома. Засега сервисот е програмиран на англиски и корејски јазик, но наскоро се очекува да биде достапен на повеќе светски јазици.

„Servis HomeChat“ на сопствениците на „LG smart“ апаратите, исто така им овозможува во реално време да го следат статусот на уредите, независно од локацијата. Покрај тоа, благодарејќи на севисот „LINE“, членовите на семејството можат да ги вметнат своите фотографии од паметниот телефон на екранот на ладилникот со помош на мобилниот уред. Благодарејќи на опцијата „Smart Manager Freshness Tracker“, на корисниците им е овозможено да го проверуваат рокот на трање на намирниците во ладилникот, како и да добиваат информации за тоа кое јадење може да се подготвува.

Кога е во прашање управувањето на уредите во дневната соба, „LG HOM-BOT SQUARE“ роботот-правосмукалка исто така може да се контролира со помош на апликацијата „HomeChat“, па така да може да чисти во одредено време во склад со потребите и личните преференции на сопственикот. Покрај уредувањето на животниот простор, овој систем исто така е замислен да го олесни процесот на перење алишта, така што му овозможува на сопственикот да ја вклучи машината за алишата преку далечинско, како и следење на целиот процес со помош на повремено известување кој системот го испраќа на „LG smart“ уредите.

Во случај да дојде до одреден проблем со уредите, корисниците можат едноставно и бргу да го решат проблемот благодарејќи на опциите „NFC Tagging and Smart Diagnosis“ преку кои се шифрираат и кодираат проблемите преку звучни сигнали и ги пренесуваат во сервисот на анализа, со што се овозможува избегување на непотребни посети на сервиси и дополнителни несогласувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП