28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДачија ја спаси годината на Рено

Дачија ја спаси годината на Рено

reno dacijata

Благодарејќи на романската Дачија, француската авто-компанија, Рено успешно ја заврши 2013-та година на европскиот пазар.

Компанијата Рено минатата година забележа раст во продажбата во Европа за четири проценти, но пред се благодарејќи на продажбата на евтините автомобили на Дачија кои се произведуваат во Романија.

Француската компанија, доколку направи исклучок на продажбата на автомобилите на романската филијала, минатата година забележала пад во продажбата на европскиот пазар за 1.5 проценти и покрај лансирањето на новите модели Клио и Каптур.

Од друга страна, Дачија ги модернизираше моделите Логан и Сандеро и го редизајнираше Дастер и со тоа забележа раст во продажбата на територијата на Европа за дури 22.8 проценти.

Инаку минатата година продажбата на нови автомобили во 27-те земји од ЕУ вклучувајќи ги и земјите члени на Европската асоцијација за слободна трговија во која спаѓаат Исланд, Норвешка, Лихтејнштајн и Швајцарија, е намалена шестта година поред и тоа за 1.8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП