21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИZTE за оваа година планира испорака на 60 милиони смартфони

ZTE за оваа година планира испорака на 60 милиони смартфони

zte-nubia-z5-white-back

Кинескиот производител на мобилни телефони, компанијата „ZTE“ има големи амбиции на пазарот за смартфони. Ова го потврди нејзиниот потпретседател велејќи дека имаат за цел во оваа година да испорачаат 60 милиони смартфони.

Тој на истата конференција за печатот објави дека „ZTE“лани испорачале 40 милиони примероци, а во оваа година се надеваат да го зголемат уделот во Кина, но и на глобално ниво.

Оваа компанија веќе добро работи во Кина, а полека се пробива и во Европа и на некои други пазари.

Ова не е единствениот кинески производител кој се движи по овој пат, потсетуваме дека неодамна и „Xiaomi“ објави дека оваа година сака да ја дуплира својата испорака на паметни телефони од 20 на 40 милиони единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП