26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСо Ауди може да не застанувате на црвено!

Со Ауди може да не застанувате на црвено!

audi semafor

Секој, кој некогаш се движел со автомобил во град, ја почувствувал иритираноста од чекањето на сите црвени семафори на патот.

Германскиот производител на автомобили, Ауди, сепак развива систем кој може да стави крај на досадните чекања, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.

„Traffic Light Assist“ е електронскиот асистент од иднината, кој се поврзува со „паметните“ семафори, какви во некои градови веќе почнаа да се поставуваат и да им покажува на возачите за оддалеченоста од црвениот семафор и колку време останува се додека не стане зелено.

audi semafor1

Резултат: Возачот малку може да ја намали брзината и додека да дојде до семафорите, веќе ќе свети зелено.

Ауди спроведоа тестирања во Инголштат и Берлин во Германија, како и во италијанскиот град Верона. Демонстрација била направена и во Лас Вегас, специјално за саемот за електроника „CES“.

audi semafor2

Досега во ова искушение биле 500 возачи со 120 автомобили и три мотоцикли, а тие поминале 1,6 милиони километри.

Од компанијата тврдат дека системот ќе ги намали штетните емисии во градот со до 15% и , ако биде применет во цела Германија, на пример, ќе заштедува по 900 милиони литри гориво годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП