
Компанијата „Huawei“ го претстави својот нов „B199“, „Android“ смартфон како наследник на моделот „A199“ кој беше претставен во април минатата година.


Компанијата „Huawei“ го претстави својот нов „B199“, „Android“ смартфон како наследник на моделот „A199“ кој беше претставен во април минатата година.
Исто како и неговиот наследник, и „B199“ доаѓа со „dual-SIM“ поддршка, а иако за некој ден ќе се најде во продажба во Кина, за неговата меѓународна премиера се уште не е познато.
Новиот паметен телефон на овој кинески производител го одликува 5.5-инчниот екран со 720p резолуција, како и оперативниот систем „Android 4.3“. Што се однесува до хардверот, тука е „quad-core“ процесорот кој работи на 1,6 GHz (овој пат чипсетот на „Snapdragon“, а не на компанијата „K3V2 CPU“), 2 GB RAM, 16 GB интерна меморија, камера од 13 мегапиксели и батерија од 3000 mAh.
Според информациите кои пристигнуваат од Кина, овој смартфон би требало да чини околу 330 долари.