2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ Audi го враќа во живот R8 e-tron

Audi го враќа во живот R8 e-tron

etron audi

Приказната за електричната верзија на „Audi R8“ доживеа нов пресврт. Откако во мај 2013-та година беше соопштено дека се откажуваат од сериското производство на „R8 e-tron“, „Audi“ сепак потврди дека продукцискиот модел ќе се појави на пазарот.

До промените во „Audi“ дојде по одлуката во конструкцијата да употребат нов вид на батерија, со оглед дека компанијата не беше задоволна со старата, што беше основна причина за прекинување на производството на серискиот модел.

Првите шпекулации за плановите за враќањето и продолжувањето на развојот на производниот модел на „Audi R8 e-tron“ се појавија кон крајот на 2013-та година. Гласините официјално ги потврди Улрих Хакенберг во разговор со новинарите во Детроит.

etron audi1

Тој објаснил дека „R8 e-tron“ и натаму е важен за компанијата и дека тој ќе го предводи патот кон другите електрични автомобили кои „Audi“ ќе ги претстави во иднина. Според зборовите на Хакенберг, новиот прототип е компатибилен со актуелната генерација на „Audi R8“, но и со новиот модел кој ќе се појави во 2015-та година.

За сега нема официјална информација кога „Audi R8 e-tron“ ќе се појави на пазарот, а неофицијално се претпоставува дека тоа може да се случи до крајот на 2014-та година.

Според истиот извор, сериската верзија ќе има домет со едно полнење на батеријата до 400km, што би било значително подобрување во споредба со претходниот прототип кој можеше да помине околку 215 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП