2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAOL го продаде Winamp на компанијата Radionomy

AOL го продаде Winamp на компанијата Radionomy

winup aol lo

Најпопуларниот мултимедијален плеер „Winamp“, сепак ќе продолжи да постои. До благопријатната разврска за неговите милиони фанови се дојде откако „AOL“ успеа да најде купувач за него.

Новиот сопственик на „Winamp“ е „Radionomy“, а заедно со плеерот, компанијата ја има стекнато и радиоплатформата „Shoutcast“. Се очекува трансакцијата да е во вредност помеѓу 5 милиони и 10 милиони долари. „AOL“ ќе добие и 12 % удел од „Radionomy“.

Според информациите, новиот сопственик на „Winamp“ нема намера да прави големи промени во популарниот плеер. Сигурно е дека ќе продолжи да нуди поддршка на голем број на аудио и видеоформати, ќе нуди можност за инсталирање на разни адитиви, промена на изгледот на интерфејсот и слично. Секако, корисниците ќе можат да ги слушаат и сите 60 илјади радија кои „Radionomy“ стримува на интернет.

Со стекнувањето на „Shoutcast“, компанијата станува и еден од најголемите играчи во онлајн стриминг радио програмите.

„Radionomy“ има амбиција да продолжи да расте, веќе има околу 7 милиони евра инвестиции. Во следните недели планираат и ново собирање на капитал од инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП