2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКомпактен кросовер: Audi allroad shooting brake - изложбен автомобил

Компактен кросовер: Audi allroad shooting brake – изложбен автомобил

D

  • · Кросовер концепт автомобилот е извонредно функционален за рекреативно спортска употреба
    · Моќниот и ефикасен хибриден погон има два електрични мотори
    · Д-р Улрих Хакенберг изјави: “Конкретен поглед кон блиската иднина”

Спортски, компактен и разновиден: Тоа се атрибутите кои го красат „Audi allroad shooting brake“ концепт автомобилот кој ќе го има своето деби на меѓународниот автомобилски саем ( NAIAS ) во Детроит. Кросоверот со две врати не се ограничува само на асфалтирани патишта. Високото ниво на функционалност го прави идеален за рекреативно спортска употреба. Неговиот хибриден погон е толку моќен и ефикасен, што овозможува нова форма на quattro погон – e- tron quattro.

Изложбениот автомобил комбинира сексапил, високо ефикасна e-tron quattro технологија со моќност од 300 kW, троши само 1,9 l/100 km и има врвни електронски апликации”, изјави д-р Улрих Хакенберг, член на управниот одбор за технички развој во AUDI AG и додаде “Ние со овој автомобил нудиме конкретен поглед кон блиската иднина.”

Брендот со четири прстени го дополнува дизајнерскиот израз со „Audi allroad shooting brake“. Компактниот модел со две врати ги комбинира визуелните елементи на идните спортски Audi автомобили со типичниот allroad концепт и „shooting brake” новата форма на каросеријата. Стратегијата за поврзување на корисникот исто така ги прикажува идните производствени решенија.

„Audi allroad shooting brake“ има моќен став на патот. Комбинацијата на неговите чисти линии и затегната мускулатура создава скулпторски, емоционален дизајн. Меѓуоскиното растојание на изложбениот автомобил изнесува 2,51 метри, а на саемот ќе биде претставен во „мраз сина“ боја. Моделот е 4,20 метри долг, 1,85 метри широк и 1,41 метри висок.

Plug-in хибридниот погон има импресивни перформанси,  300 kW

односно 408 КС и вртежен момент од 650 Nm. Изложбениот автомобил тежи околу 1 600 kg, а до 100 km/h забрзува за 4,6 секунди, забрзувањето не застанува се до електронски ограничената брзина од 250 km/h. Компактниот кросовер може да се пофали со ниска потрошувачка од само 1,9 литри на 100 km според релевантните ECE стандарди.

 

 

 

 

 

 

 

 

Вкупниот опсег изнесува 820 km. 2.0 TFSI моторот кај „Audi allroad shooting brake“ има 215 kW односно 292 КС и генерира 380 Nm вртежен момент. Попречно поставениот дво литарски четири цилиндричен мотор со турбополнач е направен според последниот збор на техниката. 2.0 TFSI моторот работи заедно со електричниот мотор кој има  40 kW моќност и вртежен  момент од 270 Nm. Тој е интегриран во шест – брзинскиот е- S Tronic автоматски менувач . Преносот преку двојната спојка, оди со молскавична брзина, а моќта се пренесува на предните тркала.

 

 

Вториот електричен мотор е одделен од погонската единица и е поставен на задната оска. Тој има пропулзивна моќ при ниски и умерен брзини со максимална моќност од 85 kW и 270 Nm вртежен момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП