2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCadillac ги претстави ATS купе и новиот амблем

Cadillac ги претстави ATS купе и новиот амблем

ats kupe

Две години по дебито на лимузината „ATS“, во Детроит премиера имаше и купе верзијата на овој автомобил. „Cadillac“ презентацијата на својот нов модел ја искористи да го претстави и својот редизајниран амблем.

Ова купе го отсликува класичниот конзервативен дизајн на лимузинската верзија. Двата автомобили го делат меѓуосовинското растојание од 2.775 mm.

Разликите се присутни во неколку елементи на каросеријата, пред се во изгледот на маската на ладилникот и браникот, додека на задниот дел највпечатливи се задните стоп-светла.

ats kupe1

Неможе, а да не се забележи новиот амблем кој во иднина ќе ги краси сите модели на „Cadillac“. Во однос на стариот амблем, отфрлен е кружниот венец околу штитот, а самиот штит е нешто поширок и поголем од претходно.

„Cadillac“ не објави фотографии од внатрешноста на автомобилот, но во соопштението се наведува дека во кабината доминираат материјали од кожа со која се обложени седиштата, а тука се и украсите од алуминиум, дрво и јаглеродни влакна.

Новата мода која полека се шири во автомобилската индустрија не го заобиколи ни „Cadillac“, па така патниците ќе можат да го слушнат звукот на моторот преку „Bose“ аудио системот.

ats kupe2

Возачите на располагање ќе имаат различни корисни системи како „GPS“ навигација, „Wi-Fi“ интернет поврзаност и „CUE“ мултимедијалниот систем со 8 инчен екран.

Изборот на мотори вклучува два погонски агрегати. 2.0-литарски четирицилиндричен кој испорачува 276 ks (203 kW), додека помоќниот 3.6-литарски V6 произведува 325 ks (239 kW). Двата мотора се поврзани со шестстепен автоматски менувач, додека мануелниот е понуден како опција.

ats kupe3

Автомобилот стандардно ќе се испорачува со погон на задните тркала, а ќе биде достапна верзија со погон на сите четири.

Почетокот на продажбата на моделот „ATS“ купе во САД е предвидена за летото 2014-та година, а тогаш се очекува да биде позната и цената на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП