25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСкок од 115% во употребата на мобилни апликации во 2013-та

Скок од 115% во употребата на мобилни апликации во 2013-та

mob aplikacijaa

Употребата на мобилните апликации во минатата година се зголемила со 115 %. Ова го покажуваат анализите на компанијата „Flurry Analytics“.

Секоја одделна категорија на апликациите исто така забележува раст. Најголем скок има во социјалните мрежи и апликациите за разговор. Кај нив, потрошувачката се зголемила за 203 %. На второ место остануваат апликациите за продуктивност и помош за секојдневните задачи кои запишуваат скок од 149 %.

Од „Flurry“ предвидуваат и раст на мобилни игри од 66%, што го дефинираме како добро достигнување, бидејќи прогнозите беа овој сегмент да почне да забележува застој. Со скромен раст се апликациите на весниците и списанијата кои бележат 31 % зголемување на потрошувачката.

Најмногу активнивен ден бил 31-ви декември 2013-та година, тогаш компанијата забележала 4.7 милијарди сесии од мобилни апликации. Вкупно за целата година се регистрирани 1.126 трилиони користења на апликациите во светот. Од „Flurry“ очекуваат трендот на остар скок да продолжи и оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП