2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовото Porsche 911 Targa - назад кон корените (фото+видео)

Новото Porsche 911 Targa – назад кон корените (фото+видео)

targa 1

„Porsche“ на саемот во Детроит ја претстави новата генерација на моделот „911Targa“ со традиционален дизајн инспириран од оргиналната верзија на овој автомобил од 1965-та година.

Моделот „911 Targa“ по своите визуелни карактеристики секогаш беше сместен меѓу класичниот „Porsche 911“ со цврст покрив и неговата кабриолет верзија.

targa 2

И додека на претходната генерација „Porsche“ направи компромис и делимично ја измени конструкцијата на подвижниот покрив на „Targа“, кај моделот од 2014-та германскиот производител се враќа на корените.

„Targa“ повторно има оргинален концепт на конструкцијата со централен панел на покривот кој се отстранува, широк рол-бар зад него и фиксирана задна стаклена површина.

targa 3

Меѓутоа за разлика од некогашната верзија, применети се современи решенија, така подвижниот дел од покривот се „пакува“ автоматски со притискање на копче и се сместува во делот под задната стаклена површина.

Погледнете како функционира овој механизам на моделот „911 Targa“ за 2014-та:

Германскиот производител вели дека за операцијата за склопување и расклопување на покривниот сегмент потребно е 19 секунди.

„Porsche 911 Targa“ зa 2014-та доаѓа во две верзии. Двата модела имаат екслузивно погон на сите тркала, а меѓусебе се разликуваат по типот и моќта на погонските агрегати.

targa 5

„Model 911 Targa 4“ е опремен со шестцилиндарски 3.4 литарски мотор со 350 ks (261 kW) и е во состојба од 0 дo 96 km/h (0-60 милји на час) да забрза за 4,6 секунди, ако моторот е поврзан со изборен „PDK“ менувач со двојно квачило и „Sport Chrono“ пакет и може да достигне максимални 280 km/h.

Максималната брзина изнесува 282 km/h, ако автомобилот е опремен со стандарден мануелен менувач.

Оние кои сакаат од „Porsche 911 Targa“ да ја извлечат максималната моќ на располагање ја имаат верзијата „911 Targa 4S“ чиј шестцилиндарски 3.8 литарски мотор нуди 400 ks (298 kW).

targa 6

„Targa 4S“ до брзината од 96 km/h од мирување ја постигнува во рок од 4.2 секунди со „PDK“ менувачот со двојно квачило и „Sport Chrono“ пакетот, пред да ги достигне максималните 293 km/h. Кај верзијата со мануелен менувач, максималната брзина е нешто поголема и изнесува 295 km/h.

Со оглед дека светската премиера е оддржана на северноамериканскиот континент, „Porsche“ ги објави цените за тамошниот пазар, па така „911 Targa 4“, кога ќе се појави во продажните салони ќе чини од 101.600 долари (oколу 74.000 евра), додека почетната цена за моделот „4S“ ќе изнесува 116.200 долари (околу 85.000 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП