3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW и натаму број еден во светот

BMW и натаму број еден во светот

bmw broj eden

„BMW“ и во 2013-та го задржа статусот најпродавана луксузна автомобилска марка во светот пред „Audi“ на второто и „Mercedes“ на третото место. Ваквиот резултат е забележан со рекордна продажба на баварскиот гигант, која во изминатата година изнесуваше 1.66 милиони единици.

Во споредба со 2012-та година, „BMW“ во 2013-та продаде 7.5 проценти повеќе возила, а новиот раст на испораки е оставарен благорадејќи на зголеменото побарување на автомобилите од Серијата 3 и „BMW X1“.

За овој резултат исто така се заслужни и купувачите на пазарите во Кина и САД, кој значително покажаа интерес кон моделите на „BMW“. Во Кина се продадени 390.173 примероци, а продажбата на „BMW“ забележа раст од дури 20 проценти. Поради тоа компанијата планира во тековната година да се фокусира за најмногубројниот пазар во светот, па така имаат во план лансирање десет нови модели, меѓу кои и еден со електричен погон.

Што се однесува до останатите конкуренти, „BMW“ во 2013-та година зад себе ги остави „Audi“, кои исто така продаде рекордни 1,57 милиони автомобили и „Mercedes“ (1,46 милиони).

Кога станува збор за целата „BMW“ групација, која освен матичниот бренд ги опфаќа и марките „MINI“ и „Rolls-Royce“, во текот на 2013-та година ширум светот имаат испорачано 1.96 милиони возила, што е за 6.4 проценти повеќе отколку од пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП