2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФолксваген инвестира 7 милијарди во Северна Америка

Фолксваген инвестира 7 милијарди во Северна Америка

vw amerika

Германскиот автомобилски концерн Фолксваген ги објави плановите да лансира спортски автомобил кој ќе биде специјално дизајниран за северноамериканскиот пазар, како и инестиција од 7 милијарди долари во регионот, пренесоа агенциите.

Средствата ќе бидат потрошени во наредните пет години. На овој начин компанијата се обидува да ја зголеми продажбата во регионот. Најголемиот производител на автомобили во Европа се стреми да реализира продажба од најмалку 1 милион автомобили Фолксваген и Ауди во САД до 2018-та година.

Од компанијата изјавија дека овој потег е знак за нивната посветеност кон пазарот, по падот на продажбата.

„Брендот Фолскваген продолжува да биде во основата на нашата стратегија за тука“, рече главниот извршен директор Мартин Винтеркорн пред новинарите во Детроит.

Винтеркорн одби да каже дали новиот автомобил ќе се произведува во Чатануга, Тенеси, каде што компанијата има фабрика или во Мексико, каде што следната недела започнува производството на новиот Голф

Во 2013-та година групацијата Фолксваген, која е сопственик на брендови како „Porsche“, „Bugatti“, „Lamborghini“, „Skoda“ и „Seat“ продаде 600.000 автомобили во Северна Америка.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП