2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWindows 9 ќе биде претставен во април 2015-та

Windows 9 ќе биде претставен во април 2015-та

windows devetka

Новиот оперативен систем на „Microsoft“ – „Windows 9“ ќе биде пуштен во продажба во април 2015-та година. Кодното име на новата генерација на „Windows“ е „Threshold“, a би требало да биде најавена на конференцијата „BUILD 2014“ во април оваа година.

Во „Microsoft“ не се презадоволни од „осмицата“, која беше претставена во 2012-та година. Последното издание на овој систем, поопширната и бесплатната надоградба на „Windows 8.1“, моментално е во употреба на помалку од 25 милиони компјутери, што е катастрофален резултат за компанијата.

За разлика од досегашната практика, на „BUILD“ никој нема да ја добие првичната верзија на „Threshold“. Имено развојот на овој систем ќе започне дури подоцна во текот на април месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП