30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПроблеми во Барса, „мириса“ на измама со Нејмар

Проблеми во Барса, „мириса“ на измама со Нејмар

nejmarco

Претседателот на Барселона Сандро Росел може да биде вмешан во огромна измама. Таа е поврзана со трансферот на Неимар од Сантос кој се случи во текот на летото.

Шефот на каталонците е повикан во суд да даде објаснувања за зделката од 57.1 милиони евра со бразилскиот гигант за ѕвездата.

Обвинителството во Барселона ја побарало целата документација за трансферот. Излегува дека 40 милиони евра од договорот може да се „потонати“ некаде.

Според информациите во Сантош добиле само 17,1 милиони евра од сумата. Сандро Росел ќе треба да даде објаснување каде отишле останатите пари.

Дури и третата страна, кои поседувала дел од правата на Бразилецот, тврди дека не добиле ништо, а сумата веќе се води како исплатена.

Претседателот треба да се појави пред судот, откако член на управата уште минатата година побара официјално да се претстави детален извештај за зделката.

Росел се надеваше дека нема да дојде до таму, но од обвинителството собраа докази кои го обврзуваат да се појави во судот.

„Имаме причина да веруваме дека можеби договорот на Нејмар е лажен. Некои од условите во него не одговараат на потпишаната документација“, изјави обвинителот во случајот Хозе Пералс.

Претседателот на Барселона продолжува да тврди дека нема никаква измама. Во исто време, сепак, не дава информации кој владее со парите по трансферот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП