„BMW“ и „Samsung“ на Меѓународниот саем за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас претставија апликација за управување на системите и функциите на електричниот автомобил „BMW i3“.
Паметниот часовник на „Samsung“, „Galaxy Gear“, е претставен со апликацијата „iRemote“ со чија помош се управуваат некои функции на „BMW i3“.
Меѓу останатото, паметниот часовник на „Samsung“ може да ја регулира температурата во внатрешноста во возилото, како и да проверува колкав е капацитетот на батеријата и дометот на возилото.
Покрај тоа, можно е да се провери дали прозорите и вратите се затворени, каков е статусот на стаклениот покрив, кога треба возилото да се однесе на сервис, како и дали работат сите системи на возило и слично.
Сето ова е можно, благодарејќи на тоа што „BMW i3“ е првиот целосно поврзан електричен автомобил на светот кој поседува интегрирана СИМ картичка со која на возачите им е овозможено да имаат контакт со возилото од било кое место, во било кое време.