24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ2013-та е најлошата во историјата за компјутерите

2013-та е најлошата во историјата за компјутерите

pc tablet telefon

Производителите на персонални компјутери во 2013-та ја доживеаја најлошата година. Пазарот се намалил за 10 проценти, соопштија компаниите за пазарни истражувања „Gartner“ и „IDC“. Со тоа неговиот волумен се вратил на димензиите од 2009-та година.

Според податоците на „Gartner“ лани се продадени 316 милиони компјутери и лаптопи, а според „IDC“ тие биле 314.5 милиони.

Во САД нивото на продажбата дури била рекордно ниска. Во пазарите во развој,таблетите и телефоните исто така ги претекнува персоналните компјутери. Според податоците и на двете агенции на прво место по продажба во 2013-та година е кинескиот производител „Lenovo“, а малку по него е „HP“.

„Gartner“ проценува дека пазарниот удел на првиот концерн изнесува 16,9 %, а на „Hewlett- Packard“ 16,2 отсто. Според „IDC“ тие се изнесуваат 17,1, односно 16,9 %.

Продажбата на персонални компјутери веќе втора година се намалува, бидејќи потрошувачите се насочија кон телефоните и таблети. Првите веќе одамна стигнаа пред компјутерите, додека таблетите се очекува да ги достигнат во 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП